Линкови за пристапност

Еуфорија во Македонија


Еуфорија во Македонија
Еуфорија во Македонија

Македонија утре во полуфиналето ќе игра со Шпанија, бранителот на европската титула

„Не ми се верува!“ „Напред Македонија!“..., беа најчестите коментари на екстатичните граѓани на Македонија кои ноќта меѓу средата и четвртокот ја минаа улиците и на плоштадите на градовите низ земјата, прославувајќи ја големата победа на кошаркарската репрезентација на Македонија над домаќинот на Европското првенство 2011, Литванија со 67:65. Во уште ден драмaтичен натпревар кој се решаваше во последните секунди, максимално пожртвуваните македонски кошаркари го постигнаа најголемиот успех на едена макеоднска репрезентација во колетивните спортови – пласманот во полуфиналето на едно европско првенство. Кошаркарите во црвено-жолтите дресови синоќа играа како во транс, и иако ослабени со неиграњето најискусниот соиграч, повредениот Тодор Гечевски, заслужено победија, доведувајќи ги малкутемина навивачи во Литванија и десетиците илјади сонародници во татковината – до делириум.

Цела Македонија ја послуша пораката на струмичанецот со богате интернационална кариера, Влатко Илиевски, кој ги постигна победничките поени: „Радувај се Македонијо!“. Автомобилски сирени, блех-оркестри и навивачки скандирања одекнуваа низ Македонија, а најбучно, нормално беше во Скопје, каде прославата беше проследена и со громогласен огномет.

На централниот поштад „Македонија“ дојдоа и престедателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, скопскиот градоначалник и бројни министри и пратеници кои ја споделија радоста со граѓаните.

Македонија утре во полуфиналето ќе игра со Шпанија со бранителот на европската титула. И иако Шпанија е голем фаворит, амбициите на македонските репрезентативци кои беа отпишани од медиумите пред заминувањето во Литванија, не завршуваат со последниот успех. За амбициите на нивните се побројни навивачи не тррба ни да се трошат зборови. Сите го посакуваат најголемиот досега успех – пласманот во финалето.

И против домаќинот Литванија за кoја навиваа речиси 15.000 навивачи во салата, најдобар стрелец беше натурализираниот Американец Лестер Бо Мекејлеб со 23 поени, кој и пред натпреварот вети дека сите ќе го датат максимумот и дека тимот функционора како семејство. Иако честитики заслужуваат сите играчи, покрај Меклејб, ѕвезда не натпреварот, секако беше младиот Војдан Стојановски, кој беше несопирлив и погоди пет тројки од пет обиди. По натпреварот, селекторот Марин Докузовски во изјавата за македонските медиуми, потенцираше дека и најновата, победа на првиенството е доказ дека македонскиот тим е заслужено меѓу четирите најдобри во Европа: „Игравме паметно, без притисок, упорно и знаевме што треба да направиме. Знаевме дека ако ја одржиме резултатската неизвесност во првите три четвртини, во последната ќе ја добиеме нашата шанса за победа, затоа што притисокот ќе падне врз домаќинот. Презадоволен сум од настапот на сите мои кошаркари кои уште еднаш максимално посветени го оставија срцето на терен. Ова е голема тимска победа за нас и за Македонија“. Капитенот Перо Антиќ истакна дека во кариерата немал такви емоции и толку драга победа. „Ја посветуваме на целата наша држава. Бевме отпишани на почетокот. Затворивме многу усти, вечерва 14.000 луѓе останаа неми. Ја поздравувам цела Македонија. Ве сакаме и ќе се бориме со срце“, изјави Антиќ за ТВ Сител.

Покрај улиците на македoнските градови синоќа атмосферата беше вжештена и на социјалните мрежи, каде Македонците од целиот свет ги изнесуваа своите ставови, за големиот успех на македонскиот спорт, но и пренесува патриотски и политички пораки против сите негатори на македонскиот национален идентитет.

XS
SM
MD
LG