Линкови за пристапност

Ердоган анализира следни чекори


Итен состанок со неговиот тим за национална безбедност

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се среќава со Советот за национална безбедност по минатонеделниот неуспешен обид за смена на власта.

Претходно, вишиот образовен Совет најави забрана за академици да патуваат во странство и ги повика сите кои се надвор од земјата - веднаш да се вратат назад.

Турски медиуми јавија дека министерството за образование отпуштило 15.200 учители ширум земјата, додека министерството за внатрешни работи – 9000 лица.

Бранот отпуштања следи откако официјална Анкара веќе приведе 9000 лица со обвиненија за вмешаност во обид за насилна смена на претседателот Ердоган со помош на армијата.

Американскиот претседател Барак Обама понуди помош во истрагата за неуспешниот пуч. Белата куќа пренесе дека Обама и Ердоган разговараме по телефон, и оти американскиот претседател му понудил соодветна поддршка за истрагата.

Во телефонскиот разговор според Белата куќа, Обама силно го осудил обидот за пуч и го повикал турското обвинителство и истражителите да реагираат во духот на враќање на јавната доверба во демократските институции и владеењето на правото.

XS
SM
MD
LG