Линкови за пристапност

ММФ: Опасност од проширување на задолженоста и кај други земји од евро-зоната


ММФ: Опасност од проширување на задолженоста и кај други земји од евро-зоната

ММФ: Опасност од проширување на задолженоста и кај други земји од евро-зоната

Аналитичарите предупредуваат дека кризата се` уште не е одмината

Меѓународниот монетарен фонд предупреди дека проблемите со презадолженост на Грција, Ирска и Португалија може да се прошират во други европски држави кои го имаат прифатено еврото, како и економиите во подем во источна Европа.

Во шест-месечниот извештај за европската економија, ММФ објави дека официјални лица досега успеале да го задржат проширувањето на задолжувањето од овие три држави и во други делови од Европа. Но, финансиска агенција со седиште во Вашингтон, објави дека и натаму останува сериозниот ризик за проширување на проблемот со задолженоста. Европските нации ќе треба да направат „непопустливи“ напори да не дозволат проширување на нивните финансиски проблеми, вели ММФ.

ММФ кажа дека слабите банкарски системи остануваат закана за финансиското здравје на 17 нации каде еврото е прифатено како заедничка валута.

Грција и Ирска колебливо ги прифатија финансиските пакети за спас од ММФ и европските партнери лани, и сега Португалија се наоѓа пред дилема дали да прифали сличен пакет за помош од 112 милијарди долари.

Иако Грција лани доби финансиска помош, се` уште мака мачи со заздравување на економијата и подобрување на даночните приходи. Атина во моментов разгледува прераспределување на 158-те милијари долари помош од меѓународните финансиски институции и најави побарување на дополнителни најмалку 58 милијарди долари само за годинава.

XS
SM
MD
LG