Линкови за пристапност

Петти Американец дијагностициран со eбола

FILE - U.S. Centers for Disease Control and Prevention (CDC) Director Tom Frieden displays CDC educational materials as he testifies about the Ebola crisis in West Africa during a hearing of a House Foreign Affairs subcommittee on Capitol Hill in Washingt

Новинарот на НБЦ пристигна во Медицинскиот центар во Небраска

Ашока Мукпо е петтиот Американец дијагностициран со ебола. Тој бил на работна задача во Либерија за телевизиската мрежа НБЦ кога покажал позитивен резултат на тестот за ебола минатата недела по што бил испратен назад во САД со специјално опремен медицински авион.

Тој е на лекување во Медицинскиот центар Небраска со специјализиран изолационен оддел. Овој центар е најголем од четирите вакви здравствени установи во САД.

Американецот што имал контакт со ебола во Либерија, докторот Рик Сакра, беше првиот пациент лекуван од ебола и беше пуштен од центарот како излекуван, минатиот месец.

Во Далас, Тексас, Томас Ерик Данкан, кој се врати во САД од Либерија, се наоѓа во критична состојба. Тој беше хоспитализиран на 28-ми септември.

Еболата однесе 3500 жртви во Западна Африка. Најпогодени се Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.

XS
SM
MD
LG