Линкови за пристапност

Е-демократија


Е-демократија
Е-демократија

На конференцијата во Охрид претставници на 17 земји дебатираат за врската меѓу информатиката и владеењето на народот

Информатиката е во функција на развој на демократијата, но само како алатка за вклучување на граѓаните во системот. Напредокот е голем, оцени Блаж Голаб, директор на ЦЕЕ Центарот за развој на е-Влада на отворањето на втората по ред конференција за е-Демократија во Охрид.

„Информатичките технологии се двигател во развојот на едно демократско општество, а Република Македонија е една од водечките земји во регионот кога станува збор за нивното користење. Активното вклучување на граѓаните во оценувањето на администрацијата, воведувањето на таканаречениот семафор, уред со кој што е пилотиран во пет институции во Република Македонија е последното достигнување во информатичките и комуникациските технологии“, оцени министерот за информатичко општество Иво Иваноски.

„Македонија не е добра само во кошарка туку и во решенијата за развој и демократија“, рече Блаж Голаб, директор на ЦЕЕ Центарот за развој на е-Влада.

„Најголем проблем кај нас е дисконекцијата помаѓу политичката елита и граѓаните. Македонската Влада не само што има добри решенија туку и оди кон нивно исполнување“, додаде Голуб.

Според Васко Кроневски, првиот човек на „Некстсенс“, компанијата која е организатор на конференцијата, со помош на информатичката технологија може да се направи прогрес во развојот на демократијата во регионот.

На дводневната конференција учествуваат делегации од 17 земји, со делегации од парламенти, влади и службени весници предводени од генерални секретари, претседатели на комисии одговорни за ИТ, пратеници и раководители на ИТ-секторот, како и претставници на светски познати компании, универзитети и невладини организации.

XS
SM
MD
LG