Линкови за пристапност

Конгресната „Суперкомисија“ без решение за дефицитот


Конгресната „Суперкомисија“ без решение за дефицитот

Конгресната „Суперкомисија“ без решение за дефицитот

Членовите уште пред истекот на крајниот рок по партиска линија се обвинуваат меѓусебно за неуспехот.

Првите луѓе на специјалната конгресна комисија, задолжена да изготви план за намалување на државниот дефицит, планираат да соопштат дека не успеале да постигнат согласност како да скратат 1,2 трилиони долари во наредните 10 години. 12-членото тело, попознато како Суперкомисија, има рок до понеделник на полноќ да постигне согласност, но нејзините демократски и републикански членови веќе почнаа да се обвинуваат за неуспехот.

Ова е трет поголем обид годинава да се намали американскиот долг на долгорочен план. Друга двопартиска комисија и преговорите меѓу претседателот Барак Обама и претседателот на Претставничкиот дом Џон Бејнер пред неколку месеци исто така не дадоа резултат.

Доколку и овојпат не биде постигнат договор, тоа ќе повлече големи и автоматски кратења на одбранбените и домашни програми, почнувајќи од јануари 2013-та година.

Некои републикански пратеници бараат ограничување на одбранбените кратења. Па сепак, со фактот дека САД се на прагот на предизборната кампања за претседателските избори наредната година, допрва се очекува жестока дебата за приоритетите во трошењето – од одбраната до здравствената заштита. Наредната година за резибор ќе се борат и голем број пратеници.

XS
SM
MD
LG