Линкови за пристапност

Нова пат-позиција во Конгресот


Нова пат-позиција во Конгресот

Нова пат-позиција во Конгресот

Републиканците отфрлаат двомесечно продолжување на легислативата; демократите се жалат на радикализам

Републиканците во Претставничкиот дом за денеска планираат гласање по планот на Сенатот за продолжување на даночното скратување на платите за уште два месеца. Гласањето се очекува да ја отфрли опцијата за краткорочно продолжување, оставајќи ја отворена можноста вработените да носат помалку пари дома од 1-ви јануари.

Републиканците сакаат продолжувањето да биде за една година. Лидерот на републиканското мнозинство Ерик Кантор изјави дека двомесечното продолжување е неприфатливо и вети дека ќе продолжи да врши притисок за продолжување од една година.

Во понеделникот, претседателот на Претставничкиот дом Џон Бејнер изјави дека двата дома ќе работат на пеглање на разликите. Но, сенатските лидери соопштија дека немаат планови да преговараат нов договор пред истекот на оваа година.

Сенатот во саботата со мнозинство гласови усвои двомесечно продолжување на даночните олеснувања на платитеза 160 милиони Американци. Претседателот Барак Обама го поздрави договорот и покрај фактот што барал продолжување во траење од една година.

Демократската лидерка Ненси Пелоси изјави дека последниот потег е израз на радикализмот на републиканското движење „Ти парти“, што го „држи во залог Конгресот, американскиот народ и економскиот развој“.

XS
SM
MD
LG