Линкови за пристапност

Читање на книги на Луан Старова во Конгресната библиотека


Читање на книги на Луан Старова во Конгресната библиотека
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:55 0:00

Читање на книги на Луан Старова во Конгресната библиотека

За „Татковите книги“ и „Времето на козите“ говореше професорката Кристина Крамер.

Во европскиот оддел на Конгресната библиотека во Вашингтон се одржа дискусија и читање на преводите на англиски на две книги на македонскиот писател од албанско потекло Луан Старова.

Професорката Кристина Крамер од Катедрата за словенски јазици и лингвистика на Универзитетот на Торонто истакна дека Старова е автор кој ги обединува двете најголеми етнички заедници во Македонија.

Во неговите книги се чувствува дека имаме човек кој ги разбира двете етнички групи
Кристина Крамер за Луан Старова
„Живеел во албанска средина, но се школувал и имал професионален живот на македонски јазик. Во неговите книги се чувствува дека имаме човек кој ги разбира двете етнички групи“, рече Кристина Крамер за Гласот на Америка на македонски.

Крамер, која стои зад преводот, во Конгресната библиотека читаше извадоци од „Времето на козите“, на македонски, албански и англиски.

За инспирацијата да се зафати со превод токму на делата Старова, Крамер коментира:

„Решив дека тоа е начин преку кој можам да им покажам на луѓето од Западот дека на Балканот има луѓе кои имаат меѓусебно разбирање, меѓуетничко разбирање и оти луѓето на Балканот не сакаат само поделби“.

Крамер ја инспирирала, како што наведува, балканската сага во “Татковите книги“ - одлуката да се мине Атлантикот во потрага по подобар живот и премрежијата на имигрантите во новиот дом.

Читањето на професорката Крамер во Конгресната библиотека беше заеднички организирано од Обединетата македонска дијаспора и Албанско-американска национална организација.
XS
SM
MD
LG