Линкови за пристапност

Клинтон: Истекува времето за сириската влада


Клинтон: Истекува времето за сириската влада

Клинтон: Истекува времето за сириската влада

Американската државна секретарка влада повика на темелни реформи.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон вели дека времето за владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад истекува. Ова се случува во време кога продемократските активисти ги повикаа Сиријците на национален штрајк, барајќи соборување на актуелниот режим.

Клинтон, која се наоѓа во посета на Литванија, истакна дека сириската влада мора да спроведе темелни реформи бидејќи во спротивно ќе се соочи со зголемен отпор.

Сирија продолжува со брутално задушување на анти-владините протести кои повикуваат претседателот ал-Асад да си поднесе оставка на функцијата. Во рок од два дена, за време на воената операција во близина на границата со Турција, безбедносните трупи убиле најмалку 12 лица.

XS
SM
MD
LG