Линкови за пристапност

ОН: Климатските промени се „реални“ – потребна е акција


ОН: Климатските промени се „реални“ – потребна е акција
ОН: Климатските промени се „реални“ – потребна е акција

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во Сиднеј повика на итна акција за справување со проблемот

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун повика на зголеување на напорите за борба против климатските промени, директно поврзувајќи го феноменот со сушата во Брегот на слоновата коска и катастрофалните поплави ви Австралија.

Во обраќање на Универзитетот во Сиднеј, Австралија, Бан Ки-мун ги критикуваше скептиците кои се спротиставуваат на научните сознанија во врска со глобалното затоплување, истакнувајќи дека тоа претставува вистински проблем.

Ден претходно во Њу Зеланд, првиот човек на светската организација и лидерите на земјите од Пацифичкиот остров, издадоа заедничко соопштение истакнувајќи ја потребата од итна меѓународна акција за намалување на испуштањето на штетните гасови со ефект на стаклена градина. Тие рекоа дека потребна е акција, со цел обезбедување опстанок и здрав развој на земјите од островот.

XS
SM
MD
LG