Линкови за пристапност

Најмалку 9 мртви, 50 повредени на Божиќен пазар во Берлин


Сведоци велат дека нападот бил намерен

Сведоци и полицијата во Берлин велат дека камион се забил во божиќен пазар во центарот на градот, предизвикувајќи засега непознат број на мртви и многу повредени.

Повеќе детали не се објавени за тоа како се случила несреќата, ниту пак е познато дали камионот удрил случајно или возачот намерно ја предизвикал трагедијата.

Возачот, според Билд е најверојатно уапсен.

Сведоци на настанот изјавија дека товарното возило се движело со брзина од 60 километри на час во моментот на несреќата.

XS
SM
MD
LG