Линкови за пристапност

Јагоди прелиени со чоколадо


Јагоди прелиени со чоколадо
Јагоди прелиени со чоколадо

Во умерени количини, двојна корист: и задоволство, и подобро здравје.

Американците за денешниот Ден на заљубените денес ќе купат чоколадни задоволства во вкупна вредност од 700 милиони долари. Вкусни, но и богати со масти. Па сепак, неодамнешни истражувања покажаа дека темното чоколадо може да биде и добро за здравјето. Открија дека тоа има сличен ефект на крвта како и аспиринот – прави да тече подобро, дури и низ делумно затнатите артерии, со што ја намалува опасноста од срцев удар.

„Истражувањата покажаа дека примаме флавиноиди преку конзумирање на темно чоколадо“, вели нутриционистката Тами Робертс, објаснувајќи ја и другата добра страна на слаткото задоволство.

Флавиноидите се хранливи состојки што може да се најдат во различни видови растенија. Помагаат во заштитата на растенијата од болести и инсекти. Кога внесуваме храна богата со флавиноиди, тие предизвикуваат имуниот систем да произведе ензими – протеини кои го намалуваат ризикот од некои видови на рак, срцево заболување и други болести што доаѓаат со стареењето.

Преку 20 истражувања со 2.600 учесници утврдија дека конзумирањето на темното чоколадо го намалува крвниот притисок и ја подобрува функцијата на инсулинот да го регулира шеќерот во крвта.

Тами Робертс потсетува дека флавиноидите се наоѓаат и во нешто што има одличен вкус кога е покриено со темно чоколадо - јагодите:

„Користа од јагодите прелиени со чоколадо е двојна: и чоколадото, и јагодите содржат антиоксиданти, важни за имуниот систем и заштитата од инфекции“, вели нутриционистката.

Се разбира, сет ова важи доколку конзумирањето е во умерени количини, и тоа само на темно чоколадо.

XS
SM
MD
LG