Линкови за пристапност

Гајтнер на разговори во Кина за Иран


Гајтнер на разговори во Кина за Иран

Гајтнер на разговори во Кина за Иран

Секретарот за финансии на САД се обидува да ги убеди Кинезите да поддржат санкции против Техеран.

Американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер ги продолжи разговорите со кинеските власти чија цел е да се обезбеди поддршка на напорите на САД за воведување на нови санкции спрема иранската нафтена индустрија. Гајтнер бара соработка од Кина по неодамна усвоената легислатива што повикува на санкции против финансиските институции кои работат со иранската централна банка, која е главна институција за трансакции на нафтениот извоз.

Гајтнер се сретна со кинескиот премиер Вен Џиабао, кој ги обнови повиците за продолжување на дијалогот со Вашингтон по бројни прашања.

Висок претставник на тимот на Гајтнер истакна дека мисијата е дел од „почетната фаза на широките, глобални дипломатски напори“ за зголемување на притисокот врз Техеран. Вашингтон се сомнева дека Иран тајно работи на развивање на нуклеарно оружје, а оваа земја категорично негира.

XS
SM
MD
LG