Линкови за пристапност

Индустриската и комерцијална банка на Кина купи 80% од акциите на американската филијала на Банката на Источна Азија.

Американските Федерални резерви дадоа зелено кинеските банки под државна сопственост да влезат на американскиот банкарски пазар.

Американската централна банка синоќа ја одобри понудата на Индустриската и комерцијална банка на Кина - најголемата банка во оваа земја - да купи 80% од акциите на американската филијала на Банката на Источна Азија. Ова е по првпат на една кинеска компанија под државна контрола да и` биде дозволено сопствеништво во американска банка.

До историскиот чекор дојде само неколку дена по средбите на високо ниво во пекинг меѓу американски и кинески претставници. Американски владини лица наведуваат дека Кина постигнала напредок по бројни прашања, вклучувајќи го и ориентирањето кон поотворен и пазарно ориентиран финансиски систем.

При донесувањето на одлуката, Федералните резерви образложија дека Индустриската и комерцијална банка на Кина, која е 70% во сопственост на кинеската влада, ќе биде под соодветна контрола, како и дека има средства за адекватна поддршка на американските филијали.

XS
SM
MD
LG