Линкови за пристапност

Западна Вирџинија: Излевање на хемикалија - 300.000 лица без вода за пиење


Истекување на хемикалии во Западна Вирџинија
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:36 0:00

Истекување на хемикалии во Западна Вирџинија

Прогласена вонредна состојба; затворени училишта и бизниси

Претседателот Барак Обама прогласи вонредна состојба во сојузната држава Западна Вирџинија и наложи федерална помош по тамошното излевање на хемикалија што остави 300.000 лица без вода за пиење и предизвика затворање на училиштата и бизнисите.

Хемикалијата 4-метилциклохексан метанол, што се употребува во индустријата за јаглен, се излеала вчера во реката Елк во главниот град Чарлстон, во близина на централа за прочистување на водата.

Властите објавија предупредување до жителите да не ја користат водата од водоводот за пиење, капење, готвење или пак перење на облеката, а во моментов траат напорите да се достават доволни количини на вода во шишиња.

Главниот обвинител во областа соопшти дека властите на федерално ниво започнале истрага за случајот.

Според официјални лица, излевањето дошло од складиштен контејнер на компанијата „Фридом индастрис“, која самата се опишува како производител на специјални хемикалии за индустријата на јаглен, челик и цемент. Таа не коментираше за инцидентот.

Се` уште не се знае колкава количина од хемикалијата се излеала во реката. Властите наведуваат дека таа може да биде штетна доколку се проголта, како и дека би можела да предизвика иритација на кожата и очите.
XS
SM
MD
LG