Линкови за пристапност

Возење без телефонирање и текст-пораки?


Возење без телефонирање и текст-пораки?

Возење без телефонирање и текст-пораки?

Предлага Националниот одбор за безбедност во сообраќајот.

Американскиот Национален одбор за безбедност во сообраќајот предложи забрана за користење на мобилните телефони и други портабл-направи при возењето.

Петчленото тело постигна едногласна одлука по истрагата на верижна сообрајаќна несреќа од минатата година во која загинаа две а беа повредени 38 лица. Токму одземенето внимание поради мобилен телефон била најверојатната причина за несреќата во август 2010-та во сојузната држава Мисури, заклучија инспекторите од Одборот. Возач на камион испраќал и примал текст-пораки пред да се судри со друг камион. Во несреќата биле вклучени и два училишни автобуси.

XS
SM
MD
LG