Линкови за пристапност

Кејси Ентони не е виновна за смртта на двегодишната ќерка


Кејси Ентони не е виновна за смртта на двегодишната ќерка
Кејси Ентони не е виновна за смртта на двегодишната ќерка

Ова важи за едно од насензационалните судски случаи во поновата историја на САД.

По 35 дена интензивно внимание на медиумите за случајот Кејси Ентони – пресудата гласи - не е виновна за убиство на својата двегодишна ќерка Кејли во 2008-ма година. Поротата во сојузната држава Флорида ја прогласи Ентони за виновна по четири основи за давање лажна информација на надлежни лица. Ова важи за едно од насензационалните случаи за можно убиство во поновата историја на САД.

Доколку беше осудена, Ентони ќе добиеше смртна казна, а сослушувањето по останатите обвиненија за кое беше прогласена за виновна е закажано за в четврток.

Случајот изминатиов месец доби огромен публицитет додека обвинителството и одбраната презентираа различни теории за смртта на Кејли која исчезнала во јуни, 2008-ма година. Ентони го пријавила исчезнувањето на нејзината ќерка дури по еден месец. Одбраната тврди дека детето случајно се удавило во базен во нивната куќа. Телото на девојчето било пронајдено во шума во декември 2008-ма година. Точната причина за смртта на 2-годишната Кејли засега не е позната.

XS
SM
MD
LG