Линкови за пристапност

Стотици лица на испраќањето на рускиот опозиционер кој беше застрелан минатиот петок

Ожалостени лица му одадоа последна почит на рускиот опозиционен лидер Борис Немцов, жесток критичар на Москва кој беше застрелан во близина на Кремљ минатата недела.

Пријатели и членови од семејството го носеа отворениот ковчег со црвени цвеќиња во кое се наоѓаше телото на 55-годишниот Немцов. Телото е изложено во Центарот за човекови права Андреј Сахаров во Москва.

Заменикот премиер Аркади Дворкович беше меѓу руската државна делегација на церемонијата. Американскиот амбасадор во Русија Џон Тефт, како и поранешниот британски премиер Џон Мејџор присуствуваа на церемонијата.

„Се залагаше за владеење на правото. За слобода на говорот. Или со еден збор – за слободата. Беше против - агресијата, репресијата, корупцијата“, изјави Мејџор.

Борис Немцов ќе биде погребан на гробиштата Троекуровскоје во Москва.

Поранешниот заменик-премиер беше застрелан четири пати во грбот, од непознати напаѓачи, минатиот петок кога минувал мост со неговата придружничка.

Претседателот Владимир Путин вети целосна истрага по шокантното убиство, за што многумина критичари велат дека е одмазнички акт поради жестоките критики на Немцов спрема официјална Москва.

Најмалку двајца официјални лица од ЕУ беа спречени да патуваат во Москва за погребот на опозициониот лидер.

XS
SM
MD
LG