Линкови за пристапност

Бајден: инвестициите на Кина во САД се на безбедно


Бајден: инвестициите на Кина во САД се на безбедно

Бајден: инвестициите на Кина во САД се на безбедно

САД никогаш не банкротирале и никогаш нема да банкротираат, ги увери Кинезите американскиот потпретседател

Американскиот потпретседател Џо Бајден имаше директен одговор за кинеските критичари кои изразија загриженост за долгот на САД, и конкретно - за кинеските инвестиции во американски меници што се во вредност од еден трилион долари.

„Имаме огромен интерес да се заштити оваа инвестиција. САД никогаш досега не банкротирале и никогаш нема да банкротираат“, изјави Бајден.

Во говор на Универзитетот Сичуан, Бајден подвлече дека на Американците и натаму отпаѓа поголем дел од американскиот долг што продолжува да расте. Затоа, вели тој, Вашингтон има уште поголеми домашни причини да биде мошне загрижен за тоа како ќе се одвива отплатата.

Во меѓувреме, американскиот потпретседател истакна дека е уверен во силата на американската економија.

„Америка во моментов е најголема светска економија со бруто домашен производ од речиси 15 трилиони долари, за два ипол пати поголема од кинеската“, изјави Бајден.

Тој го поздрави кинескиот економски подем, истакнувајќи дека силната кинеска економија ќе има позитивен ефект врз американската.

„Понапредна Кина ќе значи поголема побарувачка за добра и услуги произведени во САД и поголем број работни места за САД во Америка. И во наш интерес е Кина да се развива“, изјави Бајден.

Тој рече и дека САД и Кина се соочуваат со многу од истите глобални закани и споделуваат многу од истите стратешки цели и одговорности. Меѓу нив се, како што кажа Бајден, загриженоста околу ширењето на нуклераното оружје, Северна Кореја, Иран, Авганистан, Пакистан и Судан. Тој додаде дека САД се и ќе останат „Пацифичка сила“. Бајден инсистира дека американското присуство во азиско-пацифичкиот регион обезбедува тамошна стабилност, што пак истовремено и` овозможува на Кина да се фокусира на домашен развој.

XS
SM
MD
LG