Линкови за пристапност

Одделот за правда отвори истрага за однесувањето на полицијата во Балтимор


Ќе се бара одговорност, ако се утврди дека некои полицајци ги пречекориле овластувањата

Американскиот оддел отвори истрага за можно кршење на граѓански права од страна на полицијата во Балтимор по смртта на млад Афро-американец во полициски притвор, што предизвика ерупција на насилства.

Јавната обвинителка Лорета Линч денеска објави дека Одделот за правда отвара истрага за тоа дали полицискиот оддел во Балтимор е вклучен во континуирана пракса на кршење на Уставот или федерален закон“.

Таа рече дека „истрагата почнува веднаш и ќе биде фокусирана на обвинувањата дека полицајци на Балтимор користеле прекумерна сила, вклучувајќи и смртоносна сила, дека наводно вршеле незаконски претреси, приведувања, и дискриминаторски се однесувале додека биле на служба.

Доколку биде утврдено дека наводите се точни, Одделот за правда ќе побара по тоа да се постапи со сила на судски налог.

Смртта на 25-годишниот Фреди Греј е последниот од серијата случаи во кои Афроамериканци го загубиле животот по конфронтирање со полицајци, што предизвика жестоки протести ширум САД.

XS
SM
MD
LG