Линкови за пристапност

14 години затвор затоа што запалил црква


14 години затвор затоа што запалил црква

14 години затвор затоа што запалил црква

27-годишниот Мајкл Џејкс од Масачусетс бил револтиран од изборната победа на Барак Обама.

Белец од сојузната држава Масачусетс доби 14 години затоа што запалил претежно црнечка црква, револтиран од изборната победа на Барак Обама.

Според обвинителите, 27-годишниот Мајкл Џејкс заедно со други двајца заговорници на 5-ти ноември 2008-ма ја запалил Црквата на Бога во Христа Македонија во местото Спрингфилд, само неколку часа откако Обама победи на претседателските избори. Џејкс на судењето беше прогласен за виновен за подметнување на пожар и заговор против граѓанските права. Покрај заворската казна, Џејкс ќе мора да плати и отштета од 1,5 милион долари.

Едниот од двајцата заговорници веќе доби седум години затвор, додека на другиот ќе му биде изречена казната во јануари наредната година.

XS
SM
MD
LG