Линкови за пристапност

Арнолд Шварценегер и сопругата Марија Шрајвер се разделиле


Арнолд Шварценегер и сопругата Марија Шрајвер се разделиле

Арнолд Шварценегер и сопругата Марија Шрајвер се разделиле

По 25 години брак двојката објави дека одлуката ја донеле заеднички и дека децата остануваат приоритет

Поранешниот гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер и неговата сопруга Марија Шрајвер соопштија дека се разделуваат по 25 години брак.

Во заедничкото соопштение од понеделникот стои дека одлуката уследила во време на „голема лична и професионална транзиција за секој од нив“.

Шварценегер ја напушти функцијата во јануари по седум години како гувернер на Калифорнија. Пред да влезе во политика, имаше долга и успешна кариера како актер во холивудски акциони филмови.

Шрајвер е поранешна телевизиска новинарка и дел од познатото политичко семејство Кенеди, во кое спаѓаат починатиот претседател Џон Ф. Кенеди и неговите браќа, сенаторите Роберт и Едвард.

Шивер одигра голема улога во успешната кампања на нејзиниот сопруг против тогашниот гувернер Греј Дејвис во 2003-та, кога таа го бранеше Шварценегер против новинските извештаи во кои се тврдеше дека тој непристојно се однесувал со жени..

Двојката има четири деца на возраст меѓу 14 и 21 година.

XS
SM
MD
LG