Линкови за пристапност

Претставен Ај-пед 3


Епл вели новитетите оправдано генерираат интерес

Епл ја претстави новата верзија на популарниот Ај-пед. Повисока резолуција на екранот, подобра функционалност на вградената камерата, значително побрз процесор од својот претходник Ај-пед 2, се само некои од новитетите.

Како што е најавено, продажбата се очекува да започне на 16-ти март, а покрај потрошувачите во САД, овој таблет – комјутер ќе може да го купат и заинтересираните во Велика Британија, Франција, Германија, Швајцарија, Канада и Јапонија.

Една недела подоцна ќе се продава и во уште 25 земји ширум светот.

XS
SM
MD
LG