Линкови за пристапност

Музеј на битката за граѓански права во Бирмингем


Музеј на битката за граѓански права во Бирмингем

Музеј на битката за граѓански права во Бирмингем

Потсетник на мачна, но важна етапа во развојот на САД.

Февруари е месец на историјата на афро-Американците во САД. Бирмингем, сојузната држава Алабама е едно од жариштата на движењето за еднаквост и граѓански права 1950-тите и 60-тите години, мачен, но и клучно важен дел од американската историја. Градот сега развива посебен вид на туризам - за промоција и заштита на ваквото национално наследство.

Бирминген беше полето на кое се биеше битката за еднакви права за афро-Американците 1960-те. На чело со свештеникот Мартин Лутер Кинг, тука започнаа мирни демонстрации, но дојде до насилство кога полицијата употреби пожарникарски црева и кучиња против демонстрантите. Многумина повредени, илјадници уапсени.

50-тина години подоцна, луѓето доаѓаат во Институтот за граѓански права во Бирмингем , од прва рака да дознаат за битката за расна еднаквост на американскиот Југ.

Американецот Вилијам Ревил патувал со часови за да го посети музејот: „Црнците треба да знаат за цената што ја платиле нашите луѓе за да бидеме онаму каде што сме денес. За жал, за многумина цената бил нивниот живот“.

Лоренс Пиџо е директор на музејот при Институтот. Ја покажува затворската врата зад која Мартин Лутер Кинг го напиша познатото „Писмо од затворот во Бирминген“ во кое ги изложува причините за протестите за граѓански права.

„Луѓе не само од САД, туку и од целиот свет доаѓаат да дознаат што се случувало во Бирмингем и како движењето позитивно влијаело на расните односи ширум светот“, вели Пиџо.

Ен Мари Вилсон, која е од Лондон, објаснува зошто дошла во посета: „Сакав да видам што можам да научам за тоа како мирните демонстрации овозможуваат различни популации да живеат едни покрај други во хармонија“.

Лани, Институтот за граѓански права во Бирмингем привлече илјадници посетители.

XS
SM
MD
LG