Линкови за пристапност

Без нови грантови за борба против СИДА


Без нови грантови за борба против СИДА
Без нови грантови за борба против СИДА

Главна причина – глобалната економска криза

Светски најголемиот финансиер на програмите за борба против СИДА-та, туберколозата и маларијата, соопшти дека за наредните две години нема да обезбеди нови средства за борба против трите најсмртоносни болести.

Глобалниот фонд за борба против СИДА-та, туберколозата и маларијата подвлекува дека ќе се фокусира само на основните услуги за програмите што завршуваат пред 2014-та година.

Во својата нова стратегија, бордот директори на Фондот побара од донаторите да го зголемат и забрзаат финансирањето за борба против наведените болести.

Раководителот на Фондот Мајкл Казачкин, изјави дека е загрижувачки е што „ненамерно“, милиони луѓе заболени од СИДА, туберколоза и маларија се погодени од глобалната финансиска криза.

Скратувањата во буџетот на овој Фонд се очекува неповолно да се одрази на лицата особено во земјите во развој кои во моментов добиваат третман за овие болести.

Порано годинава, ОН поставија цел за ставање крај на болестите поврзани со СИДА-та ширум светот, особено во Суб-сахарска Африка.

Во 2009-та година родени се околу 370.000 бебиња заболени со ХИВ-вирусот. Речиси сите се токму од Суб-сахарска Африка. ОН планираат да ја намалат ова бројка за 90 проценти во наредните четири години.

XS
SM
MD
LG