Линкови за пристапност

Заврши нападот врз амбасадата на САД во Кабул


Заврши нападот врз амбасадата на САД во Кабул

Заврши нападот врз амбасадата на САД во Кабул

Речиси цел ден траеше битката во Кабул откако Талибан нападна неколку важни згради во главниот град на Авганистан, вклучувајќи ја и амбасадата на САД. Епилогот е 14 загинати, вклучувајќи и 3 деца, а ранети се десетина други

Вооружени бунтовници со самоубиствени појаси и проектили го нападнаа седиштето на НАТО, американската амбасада и авганистанската агенција за разузнавање. Се смета дека нападот во Кабул е еден од најсериозните, и кој траел временски најдолго од почетокот на американската инвазија во 2001-ва.

Како дел од нападот, шест милитанти упаднале во неколкукатна зграда во изградба на работ на дипломатскиот кварт во Кабул и оттаму стрелале врз соседната американска амбасада и врз седиштето на НАТО:

„За среќа ги убивме шестте бунтовници кои ги почнаа нападите вчера од високата зграда каде беа забарикадирани“, изјави виш официјален авганистански претставник.

Портпаролот на коалициони сили објави дека 11 авганистански цивили загинале во нападите од Талебан, а повредени се шест војници од НАТО.

Авганистанското министерство за внатрешни работи јави дека најмалку три полицајци го загубиле животот:

„Вчера имаше четири напади во Кабул во кои учествуваа деветмина терористи. Шест од нив ги почнаа нападите околу два часот. Нашата полиција успеа да ги совлада. Утрово во 8 часот и 30 минути, операцијата заврши“, потврдија од министерството.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи го осуди нападот и ја поздрави ефикасната акција на авганистанските власти. Тој рече дека ваквите акции нема да ја попречат безбедносната транзиција во земјата и ја пофали решеноста на авганистанскиот народ да ја земе одговорноста за внатрешни прашања во нивната земја во свои раце.

Нападот уследи во време кога НАТО работи на префрлање на целосната контрола врз безбедноста на авганистанската армија во следните неколку години.

XS
SM
MD
LG