Линкови за пристапност

Помошта за Авганистан – понекогаш со несакани последици


Помошта за Авганистан – понекогаш со несакани последици

Помошта за Авганистан – понекогаш со несакани последици

Неколку недели пред американскиот претседател Барак Обама да го најави планот за повлекување на американски војници од Авганистан и во време кога НАТО се подготвува за транзиција, сенатската комисија за надворешни работи издаде извештај за американската помош во таа земја. Во него се посочува дека 19-те милијарди долари во вид на помош во изминатите 10 години биле плодотворни во земјата, иако парите можеле да причинат ненамерни негативни последици.

Џим Хајк имал желба да помага во борбата против тероризмот.

Овој претприемач од областа на софтверот и интернетот го формирал Spirit America пред осум години со цел да и` помогне на американската армија во Авганистан со обезбедување намирниците за авганистанскито народ:

„Војниците и маринците ни кажуваат што им е потребно да им помогнат на локалните жители. Тие ни велат дека на авганистанските жени им се потребни машини за шиење, училишен прибор за децата, алатки за мажите.“

Оваа организација со седиште во Лос Анџелес прима приватни донации преку интернет.

Сите пари се користат за намирници, повеќето од самиот Авганистан со цел да и` се помогне на локалната економија. Хајк вели дека целта е да се изградат силни врски со авганистанскиот народ.

Ендрју Вајлдер од американскиот институт за мир ги истражувал ефектите од помошта во Авганистан:

„Проектите со помош имаат добри намери. Но, за жал многумина од нив, имаат непосакувани последици“, предупредува тој.

Неодамнешен извештај на сенатската комисија за надворешни работи обелодени дека проектите за стабилизација може да имаат добри резултати на кус рок, како развивање на меѓусебните одниси и обезбедување разузнавачки информации, но оти прекумерна помош може да ја дестабилизира локалната економија, па и`да уследи рецесија во време кога САД и НАТО ќе почнат да го намалуваат присуството на теренот во следните години.

Светската банка процени дека 97 проценти од бруто-домашниот производ на Авганистан доаѓа од трошењето поврзано со меѓународните сили и организациите за помош.

Но, Џим Хајк вели дека некои проекти нема потреба да бидат на долг рок а сепак може да ја стабилизираат локалната заедница.

Што се однесува до корупцијата, тој вели дека неговата организација работи со помали проекти со цел да се знае точно каде одат парите.

Сепак, остануваат многу предизвици за надворешната помош што влегува во Авганистан.

Во време кога САД ги намалуваат силите, Ендрју Вајлдер е поборник за постепено намалување на помошта. Тој исто така сака парите да ги координира авганистанската влада, со цел таа да има поголема контрола врз ресурсите.

„За донаторите е важно да ги поддржат националните програми, и да спроведуваат механизми за надзор“, вели тој.

Извештајот од сенатската комисија посочува дека е важно да продолжи надгледување на помошта за Авганистан и да се обезбедат намирници само доколку тамошната влада направи напредок во борбата против корупцијата и го стабилизира сопствениот финансиски систем.

XS
SM
MD
LG