Линкови за пристапност

Откриени честички што го забавуваат глобалното затоплување


Откриени честички што го забавуваат глобалното затоплување
Откриени честички што го забавуваат глобалното затоплување

Нова студија покажа дека мали елементи во стратосферата имаат поголемо влијание одошто се мислело

Предвидување на идните климатски случувања отсекогаш било енигма, но за денешните научници, едно е сигурно - атмосферскиот воздух станува претопол. Глобалните просечни температури континуирано растат изминатиов век, главно заради се` поголемата концентрација на јаглерод диоксид и други штетни издувни гасови. Но, Џон Даниел научник од Администрацијата за океански и атмосферски промени со седиште во Колорадо, вели дека при потемелен преглед на податоците изминатава деценија е откриена аномалија.

„Се чини дека од 2001-та наваму, глобалните просечни температури престанаа да растат со толку брзо темпо, како деценијата пред тоа“, вели тој.

Тоа значи дека Земјата и натаму се затоплува, но со побавно темпо од очекуваното. Даниел додава дека ниту научниците за климатски промени, ниту комјутерските програми успеале да го предвидат ова забавување. Затоа, заедно со тим од САД и Франција, овој експерт почнал да проучува процеси што можат да го опишат овој тренд.

„Забележавме и дека доколку се анализираат сателитските податоци, видливо е дека бројот на таканаречените аеро-честички во стратосферата се зголемувал во овој период. Многу експерти, особено по 2000-та година го занемарувале влијанието на овие честички“, изјави Даниел.

Познати ни се штетните аеро-честички, како оние од фабриките и автомобилите, на ниска надморска височиона, што го предизвикуваат градскиот смог. Но, Даниел додава дека честичките на висока надморска височина всушност ја ладат земјината топка.

Причината за тоа е што тие ја одвраќаат сончевата светлина кон вселената, која во спротивно би се насочила на земјата. Експертите, како Даниел се согласни дека и по многубројни испитувања, сепак е тешко да се одговори од каде доаѓаат овие аеро-честички. Некои научници сугерираат дека изворот може да бидат помали, но попостојани вулкански ерупции. Други пак велат дека трендот се должи на испуштање на сулфур од индустриски објекти.

Повеќето научници се согласни дека најдобар начин за справување со глобалното затоплување не е да се измислат контрамерки. Напротив, најдобар начин, велат тие, е да се пронајдат обновливи извори на енергија, за да има помала зависност од фосилните горива богати со јаглерод и да се избегне барем дел од очекуваното затоплување наредните неколку децении.

XS
SM
MD
LG