Линкови за пристапност

Македонија денес слави четврт век независност


Јубилеен роденден, 25 години, самостојна и независна

Референдумот, самостојноста, кревката економија, конфликтот во 2001-ва, спорот со Грција, мигрантската криза, како и актуелната политичка криза последните две години, се само дел од настаните што ги одбележаа изминативе две и пол децении.

„Граѓанки и граѓани на Македонија да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија. Со овие зборови, тогашниот претседател Киро Глигоров, пред точно 25 години се обрати пред граѓаните кои се собраа на плоштадот Македонија во центарот на Скопје, каде беше организирана свеченост насловена „Глас на Македонија“ со настап на стотина естрадни музички ѕвезди.

Како потсетување, во предвечерието на тогашната СФРЈ, македонскиот народ излезе на референдум и на најдемократски начин ја изгласа независноста со мнозинство 95% од граѓаните кои што излегоа на гласањето.

Бугарија е првата држава што ја призна државноста на Македонија. Следуваа одлуките за воспоставување дипломатски односи од Турција, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина.

Македонија и САД имаат исклучително добри билатерални односи, од кога Македонија прогласи независност во1991-ва. САД формално ја признаа на 8-ми февруари 1994-та, а на 13 септември 1995-та, двете држави воспоставија целосни дипломатски односи на ниво на амбасади. Првиот американски амбасадор Кристофер Хил допатува во Скопје во јули 1996-та.

XS
SM
MD
LG