Линкови за пристапност

Холивуд во минута


Холивуд во минута
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:01 0:00

Холивуд во минута

Повторно заедно: Пол Мекартни и Ринго Стар ќе настапат на доделувањето на наградите Греми

Крис Пајн - најновиот во серијата актери што проговорија против рускиот закон за хомосексуалците. Вели, САД треба да сторат нешто повеќе отколку само да испратат олимпијци од истополова ориентација во Сочи, затоа што ситуацијата во Русија е - несекојдневна и страшна.
***
А Пајн го толкува главниот лик во филмот Џек Рајан – регрутот во сенка, во кој настапува со Кевин Костнер. Ќе започне да се прикажува во САД во петок.

***

Пол Мекартни и Ринго Стар ќе настапат на доделувањето на наградите Греми подоцна месецов. На церемонијата, во нивна чест, ќе се појават и Јуритмикс. Мекартни е исто така номиниран за Греми во неколку категории.

***

Нови наводи за бизарно однесување на Џастин Бибер: полицијата извршила претрес во неговиот дом во Лос Анџелес поради сомнение дека го бомбардирал со свежи јајца домот на соседот!
XS
SM
MD
LG