Линкови за пристапност

„Окупирај го Вол Стрит“ во контранапад


„Окупирај го Вол Стрит“ во контранапад
„Окупирај го Вол Стрит“ во контранапад

Со протести пред берзата, во метрото и мостовите одбележува два месеца од почетокот на движењето.

Демонстрантите на Окупирај го Вол Стрит денес организираат протест во Њујорк со кој одбележуваат два месеца од почетокот на движењето.

Демонстрантите планираат да го блокираат финансискиот центар на градот со протест пред Њујоршката берза и последователни протести во метрото и на главните мостови.

Градските власти најавија дека ќе распоредат дополнителни полициски сили и ги известија граѓаните дека протестите може да го попречат сообраќајот.

Заменикот-градоначалник на Њујорк Хауард Волфсон изјави дека градот се подготвува за толпа од десетици илјади луѓе.

Протестот се смета за клучен тест за јачината на движењето што вторникот наиде на првиот поголем удар кога полицијата ги отстрани неговите припадници од паркот во Њујорк каде кампуваа од самиот почеток.

XS
SM
MD
LG