Линкови за пристапност

Турција му врачи протесна нота на рускиот амбасадор


Руското министерство за одбрана се огласи во понеделникот дека инцидентот е поради лошите временски услови во регионот и оти нема причина да се верува на теории на заговор

Турција по втор пат го повика рускиот амбасадор на разговор во министерството за надворешни работи во Анкара по повод нарушувањето на турскиот воздушен простор во близина на сириската граница од руски воени авиони.

Турција му врачи протестна нота на рускиот амбасадор и предупреди на последици од идни прелетувањата на руски воени авиони над турска територија.

Руското министерство за одбрана се огласи во понеделникот дека инцидентот е поради лошите временски услови во регионот и оти нема причина да се верува на теории на заговор.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека нарушувањето на турскиот воздушен простор не го гледа како случајност.

XS
SM
MD
LG