Линкови за пристапност

Соларниот авион приземјен поради невреме


Авионот на соларен погон на пат околу светот морал да го одложи планот да го прелета Пацификот

Лошото време го приземји швајцарскиот авион на сончева енергија на најтешкиот дел од неговото патување околу светот.

Солар Импулс 2 ќе слета во јапонскиот град Нагоја, одложувајќи го обидот да го прелета Тихиот Океан.

Авионот го дизајнирале двајца швајцарски научници Пикард и Андре Боршберг. Ним им беа потребни 12 години да го изградат леталото.

Транс-пацифичката маршрута е шестиот дел од патувањето околу светот, долго 35.000 километри.

Распонот на крилата на едноседот е 72 метри, што е поголем од оние на Боинг 747. Тежи колку автомобил. На крилјата има 17.000 соларни ќелии кои акомулираат сончева енергија и ја складираат во акумулаторите со литиум, што му овозможува да лета ноќе.

XS
SM
MD
LG