Линкови за пристапност

Доделена Нобеловата награда за медицина


Тројца научници ја споделија овогодишната награда, за труд на мозочниот навигационен систем

Американскиот научник со британско потекло Џон О` Киф и Норвежаните Меј-Брит Мосер и Едвард Мосер се добитници на Нобеловата награда за медицина за откритијата на начинот на работа на внатрешниот навигационен систем на мозокот.

Нобеловoто собрание на шведскиот Институт Каролинска денеска соопшти дека лауреатите одговориле на прашањето за тоа како мозокот успева просторно да се ориентира во сложена околина. О`Киф го открил механизмот за мапирање во 1971-та година преку набљудување на начинот на кој одредени нервни клетки се активирале во мозокот на глувци додека биле во еден дел на просторијата, а како биле активирани кога биле во друг дел. Во 2005-та брачниот пар Мосер идентификувале друг вид на клетка во мозокот на глувците што преку посебен систем се поврзува со клетките за мапирање со цел функционалност на системот за ориентација. Натамошните истражувања дале докази дека исти видови на клетки постојат и во човековиот мозок.

XS
SM
MD
LG