Линкови за пристапност

Сервер не гледа можност наскоро да дојде до решение за името


Додека Американците вчера избираа, добриот познавач на ситуацијата на Балканот во Центарот за странски новинари во Вашингтон прогнозираше каква ќе биде надворешната политика на наредниот претседател.

Познатиот политички аналитичар од Вашингтон во очекување на резултатите од гласањето на изборите во САД направи преглед на очекувањата од надворешната политика на наредниот станар на Белата куќа, од Пакистан па се` до Балканот. А за Балканот, за можноста да заживеат преговорите за решение за името како последица на почетокот на новиот четиригодишен мандат во Белата куќа Сервер вели: „Не. Не гледам можност за решение за прашањето за името. Искрено, се надевам дека ќе ја видам Македонија како членка во НАТО, не со постигнато решение за името, туку со прием под привременото име како Поранешна југословенска република Македонија“.

„Јас би сакал да ја видам Македонија во НАТО на следниот самит, дури и тоа да се случи под привременото име“

Кога? Професорот на Катедрата за виши меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкинс одговара: „Јас би сакал да ја видам Македонија во НАТО на следниот самит, дури и тоа да се случи под привременото име“.

Како што подвлече, за жал не гледа нови ветришта за решавање на името, и на грчка и на македонска страна, првенствено поради недостатокот на волја за компромис.
XS
SM
MD
LG