Линкови за пристапност

Ај-пед 2 – подарок од ВОА


Ај-пед 2 – подарок од ВОА

Ај-пед 2 – подарок од ВОА

Кликнете дека Ви се допаѓа нашата Фејсбук-страница за да влезете во конкуренција за бесплатен Ај-пед 2 од Гласот на Америка.

НАГРАДНА ИГРА НА ГЛАСОТ НА АМЕРИКА НА МАКЕДОНСКИ – ДОДЕЛУВАМЕ АЈ-ПЕД 2

24-ти октомври 2011-та – 5-ти ноември 2011-та

Правила

Кој ја спроведува наградната игра на Гласот на Америка на македонски – Доделуваме Ај-пед 2?

Гласот на Америка, составен дел на Уредувачкиот одбор на гувернери, ја спроведува и спонзорира оваа наградна игра (во понатамошниот дел на текстот именуван како „Спонзор“).

Оваа промоција не е на ниту еден начин спонзорирана, поддржана, управувана или поврзана со Фејсбук. Информациите што ќе ги дадат учесниците се даваат само на Спонзорот. Со пријавувањето за наградната игра, се согласувате со нејзините правила и услови.

Кој може да учествува во наградната игра на Гласот на Америка на македонски – Доделуваме Ај-пед 2?

- Поединци кои се: на возраст од 15 години па нагоре;

- и легални жители на Република Македонија и физички присутни во Република Македонија.

Кој не може да учествува во наградната игра на Гласот на Америка на македонски – Доделуваме Ај-пед 2?

- Корпоративни ентитети и организации.

- Поединци вработени во Владата на САД, вклучувајќи го и Уредувачкиот одбор на гувернери.

- Поединци вработени во радио, ТВ или печатени медиуми поврзани со Гласот на Америка.

- На американските жители не им е дозволено да учествуваат во играта.

Како да се пријавам за наградната игра на Гласот на Америка на македонски – Доделуваме Ај-пед 2?

Корисниците на Фејсбук може да се пријават за наградната игра со тоа што ќе притиснат дека „им се допаѓа“ („like“) Фејсбук-страницата на Гласот на Америка на македонски во периодот од 24-ти октомври 2011-та и 5-ти ноември 2011-та. Во конкуренција за наградата ќе бидат вклучени и оние кои притиснале дека „им се допаѓа“ („like“) Фејсбук-страницата на Гласот на Америка на македонски пред да биде објавена играта.

Како ќе биде извлечен победникот?

Сите пријавени ќе влезат во база на податоци и еден (1) победник ќе биде извлечен со помош на компјутер, според принципот на случаен избор. Добитникот ќе биде известен во рок од десет (10) работни дена од истекот на рокот за пријавување за наградната игра. Добитникот мора да одговори во рок од два (2) работни дена, или во спротивно наградата нема да му биде доделена. Доколку во ваков случај наградата не му биде доделена, или пак биде утврдено дека тој не ги исполнува условите за учество во наградната игра наведени погоре, ќе биде извлечен нов добитник од базата на податоци со помош на компјутер и според принципот на случаен избор. Со дозвола на добитникот, неговото име ќе биде објавено на Фејсбук-страницата на Гласот на Америка на македонски и на ТВ-емисијата Њусфлеш на Гласот на Америка на македонски на 15-ти ноември.

Под кои услови би бил дисквалификуван потенцијалниот добитник и би бил извлечен нов?

- доколку не може да стапиме во контакт со него во рок од два (2) работни дена од датумот кога бил известен дека е добитник на наградата, и покрај сите направени напори;

-доколку се утврди дека не ги исполнува условите да ја добие наградата;

- доколку известувањето за наградата се врати назад со информација дека не може да биде проследено;

- или доколку не се придржува до наведените правила на играта.

Што му припаѓа на добитникот?

Еден (1) добитник ќе добие црн Епл Ај-пед 2 со 16 GB и Wi-Fi конкеција. Наградата приближно е процената на 500 американски долари.

Дополнителни правила:

Замена на наградата. Наградата не може да се замени во парична или која и да е друга вредност. Не е дозволено парцијално прифаќање или пак пренесување на наградата или нејзиниот паричен износ на друго лице од страна на добитникот.

Одлуки на спонзорот. Одлуките на Спонзорот во врска со оваа награда се конечни во однос на сите аспекти. Спонзорот го задржува правото да ги промени видоизмени и/или модифицира правилата во секое време, вклучувајќи ја тука и замената на наградата за исто толку вредна или повредна награда. Таквата промена би стапила на сила откако Спонзорот ќе ја објави истата.

Технички проблеми. Спонзорот не е одговорен за задоцнето или загубено пријавување за наградата; електронски проблеми, проблеми со хардверот, проблеми со Интернетот или други проблеми со компјутерите и комуникацијата; попречување на наградата; повреди, загуби или штети предизвикани од настани надвор од контролата на Спонзорот; печатни или типографски грешки во материјалите поврзани со наградата; губење на наградата при испорачувањето.

Одговорност на спонзорот. Со учество во наградната игра, го ослободувате Спонзорот и сите други поврзани инстанци од каква и да е одговорност и се откажувате од какви и да се постапки во врска со тужби, трошоци, повреди, губитоци или штети поврзани со наградната игра, доставата или примањето на наградата.

XS
SM
MD
LG