Линкови за пристапност

Мемоари: Чејни бил подготвен за оставка од почетокот на мандатот


Мемоари: Чејни бил подготвен за оставка од почетокот на мандатот
Мемоари: Чејни бил подготвен за оставка од почетокот на мандатот

Поранешниот потпретседател во администрацијата на Џорџ В. Буш во нова книга критикува многу блиски соработници

Поранешниот американски потпретседател Дик Чејни, во мемоари до чии делови дојде Њујорк тајмс, тврди дека барал претседателот Џорџ Буш да го бомбардира местото во Сирија за кое постоело сомневање дека крие нуклеарен реактор од 2007-ма, што веднаш потоа го бомбардираше Израел. Администрацијата на Буш се решила за дипломатски приод.

Според весникот, во биографијата насловена „Во мое време: Личен и политички мемоар“, Чејни исто така критикува неколку членови на владата на Буш: државниот секретар Колин Пауел дека се обидува да го поткопа Буш со приватно изразените сомневања за војната во Ирак, како и наследничката на Пауел, Кондолиза Рајс, што ја опишува како наивна во преговорите со Северна Кореја.

Чејни во книгата објаснува и зошто го бранел симулираното давење како метод за извлекување информации при сослушување, негирајќи дека тоа претставува тортура.

За Чејни се знаеше дека има срцеви проблеми, но во неодамнешно интервју на телевизијата тој кажа дека имал тајно писмо за оставка на функцијата во фиока, во случај да не може да ја врши функцијата, зашто не постои механизам потпретседателот да биде заменет без негов активен удел.

Книгата треба да излезе од печат наредната недела.

XS
SM
MD
LG