Линкови за пристапност

Гласот на Америка прослави значаен јубилеј


Гласот на Америка прослави значаен јубилеј
Гласот на Америка прослави значаен јубилеј

Во среда се навршија 70 години од постоењето на Гласот на Америка

Гласот на Америка почна да емитува програма на 1 февруари, 1942, речиси два месеци откако Јапонците го бомбардираа Перл Харбор и САД влегоа во Втората светска војна.

Зборувајќи на германски, американскиот новинар Вилијам Харлан Хејл го имаше првото јавување за Гласот на Америка од Њујорк преку кратки радио бранови.

Директорот на Гласот на Америка Дејвид Енсор вели дека неговите зборови и денес се релевантни.

Одбележувајќи ја 70-годишнината, Енсор кажа дека оваа агенција агресивно ќе се движи понатаму кон обезбедување „информативна животна нишка за луѓето во затворени општества како Иран“.

Од 1942-ва, Гласот на Америка се прошири во мултимедиумска новинска организација со околу 141 милион публика секоја недела.

Денес новинарите на Гласот на Америка емитуваат програма на 43 јазици и има комуникација и интеракција со публика преку радио, телевизија и Интернет.

XS
SM
MD
LG