Линкови за пристапност

Официјално започнаа преговорите за нова влада


Започнаа преговорите за нова влада
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:38 0:00

СДСМ соопшти дека се разговарало за принципите за соработка, а не и за конкретни кадровски решенија

Без изјави од директните учесници, помина речиси двоиполчасовната средба, на која мандатарот, Зоран Заев и лидерот на најголемата албанска партија во парламентарното мнозинство, Али Ахмети, разговараа за изгледот на идната влада. Ова беше прв официјален состанок меѓу Заев и Ахмети по добивањето на мандатот од шефот на државата.

„Ќе има соопштение“, кратко изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Поконкретен за текот на разговорите не беше ниту портпаролот на СДСМ.

„Во тек се процесите и разговорите за формирање влада, подоцна ќе можеме да разговараме за кадровски решенија, за тоа кои партии ќе ги добијат конкретните ресори. За СДСМ е многу битно новата влада да функцуионира на поинаков начин и принципи. Очекуваме што поскоро да завршат овие разговори“, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Подоцна од оваа партија соопштија дека Заев и Ахмети разговарале за принципите на соработка, реформската влада, ЕУ и НАТО интеграциите. За наредниот период се најавува интензивирање на динамиката и разговорите меѓу СДСМ и ДУИ, како и со партиите што дале поддршка за состав на новата влада. Потоа, како што информираат, ќе се премине на конкретни кадровски решенија за министерства.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG