Линкови за пристапност

Високо признание во Италија за уметницата Аница Китаноска од Вевчани


Високо признание во Италија за уметницата Аница Китаноска од Вевчани
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:04 0:00

Високо признание во Италија за уметницата Аница Китаноска од Вевчани Гради меѓународна кариера и во речиси сите дела на уметницата Аница Китаноска преовладуваат мотиви од нејзиното родно Вевчани. Со исти мотиви е мозаикот за кој ја добила награда, а на кој работела 80 дена.

Од малото Вевчани до националната награда на Италија за сликарство, која ја освојува во 2023 година. Ова е патот на Аница Китаноска, млад македонски уметник, која во 2021 година дипломирала на академијата за убави уметности во Равена, како визуелен уметник и мозаичар, каде ги прoдолжува и постдипломските студии. На мозаикот со кој ја добива оваа награда, работела 80 дена и е со мотиви од нејзиното родно Вевчани.

„Во 2023 година мојата уметност беше препознаена со национална награда за сликарство во Карара Италија под раководство на Министерството за универзитетско истражување. Мојот мозаик доби награда за сликарство. Оваа награда беше знак за мојата ангажираност кон уметноста. Ме мотивира да продолжам да се развивам во мојата уметност“, вели Аница.

Каде и да оди од Вевчани никогаш не се откажува. Тоа е вели нејзина постојана инспирација.

„Мојата главна инспирација во моите дела е моето родно место Вевчани, каде целиот мој живот сум опкружена со природа и тоа место е извор на мојата инспирација. Сите мои дела го одразуваат тоа со фокус на пејзажите“, вели Аница.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG