Линкови за пристапност

Продолжение на аферата Визарис

  • Борјан Јовановски

СДСМ со нови обвинувања, а министерот Тодоров тврди дека ќе го поништел тендерот доколку знаел дека Ивона Талевска имала врска со компанијата.

Продолжение на аферата Визарис - опозициската СДСМ истапи со нови обвинувања. Овојпат, покрај новинарката Ивона Талевска, беше споменат и уредникот во ТВ Сител, Драган Павловиќ Латас.

„Медиумскиот скандал се шири. Градски парк, „Градски стадион“ бб, Скопје, не е седиште само на телевизија Сител. Не е седиште само на семејната фирмата „Висарис МКД“ на Ивона Талевска, добитник на милионскиот тендер во здравството. На „Градски стадион“ бб не може да се изброи кои се` фирми постојат, колку се во фаза на бришење, а колку биле основани, па ликвидирани. Сопственици на неколку фирми се или биле: главниот и одговорен уредник на телевизија Сител, еден од најголемите медиумски поддржувачи на власта и куќен пријател на Груевски, господинот Драган Павловиќ Латас и неговата соработничка и омилената уредничка на Никола Груевски, бизнисменка, Ивона Талевска“, изјави Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ.

Тој прикажа официјални документи од Централниот регистар на Република Македонија и тврди дека Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска се основачи на повеќе фирми.

Според Шилегов, изнесените информации потврдуваат регистрирање на низа субјекти на една иста адреса, Градски стадион ББ, Скопје, официјалната адреса и на Телевизијата Сител. Ова упатува, рече портпароот на СДСМ, на мега-медиумска афера и можна бизнис спрега на релација власт - медиуми.

„Прашуваме што се` работеле овие новинари-уредници преку овие фирми, паралелно со новинарската професија и за чии интереси? Премиере Никола Груевски, уште ли ќе молчите? Во името на основните демократски вредности, во името на слободата на изразување и во името на борбата против корупцијата во медиумите, излезете пред македонската јавност и одговорите“, повикаа од СДСМ.

Во Собранието, заменик претеседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, го повика министерот за здравство Никола Тодоров да ја објави целосната докуметација од тендерот, бидејки, како што рече, во она што министерствот за здравство веќе го објави, недостаува една страница. Според неа, ова е мошне важно бидејќи, како што рече, случајот е јасна илустрација за спрегата меѓу власта и медиумите.

Како одговор на Шеќеринска, Тодоров вети дека ќе ја објави целосната документација и уште еднаш повтори дека не знаел оти фирмата Визарис, која го добила тедерот, е поврзана со новинарката Ивона Талевска и нејизната мајка. Доколку знаел, како што рече, тендерот веројатно ќе бил понишетен, без разлика на понудената цена.
Премиерот Груевски, на новинарско прашање за случајот, кусо одговори дека нема што повеќе да каже од она што го рекол министерот Тодоров.

Тодоров неодамна коментираше дека тендерот бил законски спроведен, но дека дека ситуацијата е малку неетична.
XS
SM
MD
LG