Линкови за пристапност

Кој ја пречекорил визата за престој во САД?


Меѓу оние кои не си заминале пред истекот на визата има 188 Македонци

Според неодамна објавениот извештај од Одделот за домашна безбедност, илјадници странски студенти и учесници во програмата за размена на студенти, не ги напуштиле Соединетите Американски Држави до крајот на своите програми.

Според документот, овие лица имаат највисока стапка, и тоа 40.949 или изразено во проценти 2,8.

Меѓу земјите со највисок процент на размена на студенти коибиле со прекувремен престој во САД се: Еритреја (75%), Буркина Фасо (47%), Чад (37%), Конго-Киншаса (37%), и Џибути (33%).

Држави со најголем број на студенти и размена на посетители коишто не ги напуштиле САД се: Кина (18.075), Саудиска Арабија (6.828), Јужна Кореја (5.111), Индија (4.575) и Бразил (2.881).

Податоците беа објавени во понеделникот, еден ден пред рочиштето на конгресната Комисија за визи со прекувремен претстој. Четворица претставници од Одделот за домашна безбедност се очекува да сведочат на рочиштето.

Од Македонија со туристички визи во периодот од 1-ви октомври 2015-та до 30-ти септември 2016-та година, во САД влегле 6.349 лица од кои 22 (2.96%) имале прекувремен престој, но сепак ја напуштиле земјата, додека 166 (2.62%) лица останале.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG