Линкови за пристапност

Клинтон го честита националниот ден на Виетнам


Клинтон го честита националниот ден на Виетнам

Клинтон го честита националниот ден на Виетнам

САД сакаат поблиски стратешки односи со Виетнам, некогашниот непријател, и покрај сериозната загриженост за силните рестрикции на Ханој врз слободата на говорот и прогон на дисиденти.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон ги фалеше односите на САД со Виетнам во пораката за виетнамскиот национален ден до народот на оваа југоисточна азиска држава.

Виетнам го слави националниот празник во петок, годишнина на денот кога Хо Ши Мин официјално ја прогласил независноста на Виетнам од француското колонијално владеење во 1945.

Во соопштение Клинтон го фали „динамичниот дух и оптимизам“ што го видела во Виетнам при нејзините две посети на земјата во 2010. Таа кажа дека Вашингтон и Ханој ја зголемиле соработката по голем број прашања, како човекови права, заштита на животната средина, трговија и заедничката безбедност.

Клинтон кажа дека САД ќе продолжат да бидат „пријател и партнер на Виетнам“ додека тие се трудат да создадат нова иднина на регионална и глобална соработка.

САД сакаат поблиски стратешки односи со Виетнам, некогашниот непријател, и покрај сериозната загриженост за силните рестрикции на Ханој врз слободата на говорот и прогон на дисиденти.

Од своја страна, Виетнам бара американска поддршка во спорот со Кина за територијално несогласување во Јужното кинеско море. Американскиот носач на авиони ЈуЕсЕс Џорџ Вашингтон го посети Виетнам во август, што беше втора посета на земјата во две години.

XS
SM
MD
LG