Линкови за пристапност

Вевчански карневал 2014-та


Фотографија: Ѓорѓи Личовски
Фотографија: Ѓорѓи Личовски

Инспирација за маските загаденоста на воздухот, владиниот проект за бесплатни ски-карти за пензионерите, наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“...

„Сите треба да се чувствуваме денес во духот на она вистинското, василичарското... Василичарите, главните актери, денес настапуваат и треба да се забавуваме со нив“, изјавил градоначалникот на Вевчани Цветомир Угриноски пред почетокот на карневалот што се одржува по повод празникот Василица, како симболичен чин на испраќање на старата и дочек на новата година според Јулијанскиот календар. овој настан за најпознатото село-општина во Македонија е вистински празник за кој жителите се подготвуваат преку целата година.

Покровител на настанот е Владата, односно Министерството за култура, а министерката Елизабета Канческа-Милевска и официјално го отворила карневалот. Според медумските извештаи, на карневалот, што се одржува со векови како наследство од паганските обичаи и е дел од од изворната традиција во тој крај, од бројните маски што со месеци биле
Фотографии: Ѓорѓи Личовски
Фотографии: Ѓорѓи Личовски
подготвувани и чувани во тајност, се` до дефилето - десетици денес го привлекле вниманието на илјадниците посетители од Македонија и од странство.
На удар на хуморот и сатирата на вевчанци се нашле и загаденоста на воздухот, преку маската „Маглата во Скопје“ и проектот на Владата за бесплатни ски- карти за пензионерите со пораката - „Проект на Владата, крши кичма, за намалување на бројот на пензионерите во Македонија“, потоа, најавениот инвеститор од Индија, Субрата Рој и политичарот Амди Бајрам, наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“ и пропагандата за акцијата за бројно семејство – трето дете...

Меѓу пратечките манифестации на карневалот, покрај концерти, промоции и изложба, изведби на празнични обреди, песни и игри, најголемо внимание привлекле натпреварувањата во тркалање буриња, влечење јаже, цепење дрва, буткање рака, и секако - во пиење греано вино и ракија и јадење луканици.

Придружните манифестации започнаа уште во петокот со трибината „Во одбрана на македонското име и македонскиот идентитет“, а гостите имале шанса да другаруваат со домаќините во куќите на гостопримство, каде биле сервирани традиционалните вевчански специјалитети, како и во детското василичарско катче за изработка на маски.

Најдобрата групна маска ќе биде прогласена ноќва, пред полноќ, а наградата е буре црвено вино, наречено „Вевчанска керф“. По полноќ, традиционално, василичарите ќе се сретнат на познатите вевчански извори. Вчера десетина илјади посетители присуствувале на концертот на пејачите на забавна музика, а утре официјалниот дел на манифестацијата завршува со традиционалното палење на маските.
XS
SM
MD
LG