Линкови за пристапност

Вештачката интелигенција е сè поприсутна во американското здравство


Универзитетски истражувачи во американската сојузна држава Мериленд користат вештачка интелигенција за подобро дијагностицирање и лекување на сериозни медицински состојби. Повеќе од Џули Табо.

Истражувачите за биомедицинско инженерство на Универзитетот Џон Хопкинс работат на трансформирање на грижата за пациенти со срцеви заболувања.

Тие сега можат да создадат персонализиран дигитален модел на срцето на пациентот - „дигитален близнак“ - и да користат вештачка интелигенција за да помогнат подобро да се предвиди кој е најмногу изложен на ризик.

Вештачката интелигенција навлегува во американското здравство
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:21 0:00

„Направивме магнетна резонанца на срце со зголемен контраст, а потоа ја комбинираме таа магнетна резонанца засилена со контраст со сите клинички податоци што се познати за одреден пациент. Ова е комбинаицја со анализа за преживување на пациент и можеме да кажеме кој е ризикот од ненајдена срцева смрт кај пациентот за период од поваќе од 10 години“, вели Наталија Трајанова од универизтетот „Џон Хопкинс“.

За разлика од сегментираните слики кои најчесто се користат денес, професорката Наталија Трајанова вели дека цели слики на срцето даваат попрецизни предвидувања за тоа на кои пациенти им се потребни дефибрилатори.

„Ги обезбедуваме овие алгоритми за длабоки сознанија што многу подобро ја претставуваат состојбата на пациентот“, додава Трајанова.

Ги обезбедуваме овие алгоритми за длабоки сознанија што многу подобро ја претставуваат состојбата на пациентот
Наталија Трајанова

Во Центарот за рак Сидни Кимел во Џон Хопкинс, д-р Виктор Велкулеску го води истражувањето за развивање нови начини за откривање на рани стадиуми на рак на белите дробови и други видови на рак.

Тој и неговиот тим забележале дека клетките на ракот растат и се реплицираат похаотично од нормалните клетки. А, кога тие клетки ќе умрат, оставаат зад себе знаци на фрагменти од ДНК кои циркулираат во крвта, тоа е наречено и ДНК без клетки што носи индиции за тоа дали некое лице може да има рак.

Тимот разви технологија наречена, која користи нови алгоритми за машинско учење за да анализира фрагменти од таа ДНК без клетки.

„Гледаме во крвта, идентификуваме молекули на ДНК наречени ДНК без клетки и го бараме профилот или шаблоните на оваа безклеточна ДНК како начин да ги идентификуваме оние лица кои имаат рак наспроти оние кои немаат“, објаснува докторот Велкулеску.

Докторот вели дека подобрените тестови на крвта може да доведат до поголем скрининг за рак ширум светот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG