Линкови за пристапност

Наука: Нови сознанија за вертиго


Научниците велат дека откриле разлики во мозокот кај танчери кои прават пируети што може да помогне кај пациенти со хронична вртоглавица.

Научниците откриле разлики во мозочната структура кај балетски танчери што може да им помагаат во избегнување вртоглавица додека се вртат на сцената изведувајќи пируети. Наоѓањето може да води кон развој на танчерска терапија за пациенти кои страдаат од хронична вртоглавица.

Истражувачите од Империјалниот колеџ во Лондон ги проучувале мозоците на танчерите кои можат да изведуваат повеќекратни вртења без чувство на слабост. Тим предводен од неврологот Бари Семунгал споредил 29 танчерки со 20 машки танчери на иста возраст и ниво на фитнес. Мозоците на двете групи реагирале различно откако биле свртени во темна соба.

Нормално, чувството на вртоглавица произлегува од органите во внатрешното уво. Овие комори полни со течност чувствуваат ротација на главата преку малите влакненца што реагираат на движење на течноста. По брзо вртење, течноста продолжува да се движи, што може да направи да чувствувате како и натаму да се вртите.

Учите како да го правите тоа. Не е нешто што доаѓа природно
Учесничка во студијата
Скенирање на мозокот открило разлики во два дела на мозокот – областа каде се процесираат информациите од внатрешното уво, и областа која е одговорна за перцепцијата на вртоглавица.

„Тоа покажува дека мозокот е многу пластичен орган и што се случува во него многу зависи од тоа што правите, така што години на тренинг на мозокот го менува во форма што станува отпорна на вртоглавица“, вели д-р Семунгал.

Студентката по танцување Клер Хавен, која учествувала во студијата, вели дека танчерите учат како да се вртат постепено.

„Учите како да го правите тоа. Не е нешто што доаѓа природно. Учите како да ја вртите главата и каде е рамнотежата“.

Д-р Семунгал кој води специјална клиника за вртоглавица во лондонската Чаринг Крос Хоспитал, вели дека танцувачка терапија се покажала корисна кај пациенти со хронична вртоглавица, дека може да биде правена во група или да се практикува дома. Тој вели дека таа терапија може да биде далеку поевтина во споредба со сегашните третмани.
XS
SM
MD
LG