Линкови за пристапност

Лидерот на опозицијата во Венецуела се предаде на полицијата


Леополдо Лопез кажа дека со предавањето ќе ги отвори очите на светот за тоа што се случува во државата.

Опозициониот лидер на Венецуела Леополдо Лопез се појави во вторник, по денови на криење, за да се обрати на анти-владините демонстрации и потоа се предаде на безбедносните сили во Каракас.

Четириесетидвегодишниот економист образован на Харвард, кој го поведе опозиционото протестно движење, беше баран по обвиненија кои вклучуваат убиство и тероризам. Тој кажа дека со предавањето ќе бидат отворени очите на светот за се` поавторитарната социјалистичка влада во Венецуела.

Деновите на крвави анти-владини протести резултираа во четири смртни случаи.Партијата Волја на народот на Лопез протестира против растечката инфлација, слабата понуда во супермаркетите и големиот криминал.

Претседателот Николас Мадуро го обвинува Лопез за поттикнување на насилство и водење на заговор поддржан од САД за негово соборување од власт.

Во понеделникот, Мадуро нареди протерување на тројца претставници од американската амбасада, откако Вашингтон застана во одбрана на Лопез.
XS
SM
MD
LG