Линкови за пристапност

Ванхауте: Нов план за медиуми, судство и финансии


Peter Vanhoutte
please wait
Embed

No media source currently available

0:00 0:01:40 0:00

Поранешниот посредник смета дека повлекување на аболицијата, откажување на изборите и експертска влада се решение за кризата

Поранешниот посредник во преговорите Питер Ванхауте вели дека експерска влада, без учество на ниту една политичка партија, е единствено решение за излез од кризата.

Според него, претходно мора да се исполнат два клучни услова - да се повлече одлуката за помилување на претседателот Ѓорге Иванов и да се свика итна седница на Парламентот за да се откажат изборите, без да се прецизира нов датум.

„За се` може да се преговара, но не за демократските принципи, како што се владеење на правото и фер избори. Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се` уште се во Владата, тие ја имаат главната одговорност да ги поправат овие проблеми“, изјави Ванхауте.

Тој смета дека ставањето на сите политички партии настрана е добра опција.

„Секое продолжување на вклучување на ВМРО-ДПМНЕ во Владата ќе резултира со дополнителни опструкции“, вели тој.

Ванахуте нагласува дека граѓанското општество е клуч за решавање на кризата, а оти актуелната „шарена револуција“ е важна за да го одржува притисокот врз сите политички партии за да дојдат до конструктивно решение.

Тој додава дека договорот од Пржино се` уште е жив, кога станува збор за договорените обврски, како Специјалниот обвинител и Изборниот законик, но оти нема смисла да се продолжи со неговата имплементација.

„Време е за итни реформи во клучните области, како што се медиумите, судството и финасиите со цел да се врати земјата на демократскиот пат. Очекуваме цивилното општество да излезе со детален план за ова“, изјави Ванхауте.

Ванхауте вели дека редовно се среќава со претставници на политичките партии и на меѓународната заедница за следните чекори во процесот за излегување на кризата.

XS
SM
MD
LG