Линкови за пристапност

Договор за примирје во Сирија по преговорите меѓу САД и Русија


Американскиот државен секретар Џон Кери рече дека ако успее договорот ќе дојде до „значително намалување на насилството низ Сирија“

Најновиот договор за прекин на огнот во Сирија влегува во сила во понеделник.

САД и од Русија најавија дека владата на Сирија и бунтовниците ќе прекинат со борби до залезот на сонцето.

Сириските сили исто така треба да прекинат со воздушните напади врз милитантната група Нусра фронт.

САД велат дека тие напади често ги таргетираат опозиционите борци, и оти се главна причина за цивилни жртви.

Американскиот државен секретар Џон Кери, во најавата на договорот во саботата, рече дека ако успее ќе доведе до „значително намалување на насилството низ Сирија“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека САД и Русија, имаат обврска да напаравт се` за да осигураат дека договорот ќе успее.

XS
SM
MD
LG