Линкови за пристапност

Намален животниот век во САД


Употребата на наркотици една од причините

Многу родители се надеваат дека нивните деца ќе уживаат во долг и среќен живот, и од 1950 година наваму Американците беа сведоци на зголемување на животниот век од 68 до 78 години и десет месеци. Но, во најновиот извештај на Центарот за контрола на болести (ЦДЦ) се вели дека очекувањата за должината на животниот век опаднале за еден месец.

Тоа можеби не изгледа многу, но директорот на ЦДЦ, Том Фриден за Гласот на Америка кажа дека тоа може да биде значајно:

„Во перспектива на очекување на должина на животниот век, генерално од година на година има некакви промени, но ние гледаме постојано зголемување на срцевите и мозочните удари.“

Заеднички именител може да биде дебелината. Статистиката покажува дека двајца на секои тројца Американци имаат прекумерна телесна тежина. Срцевите болести и мозочните удари можат да се превенираат со одржување на телесната тежина, здрава диета, вежбање и откажување од пушењето. Здравиот животен стил го намалува ризикот и од дијабетес, друг водечки здравствен проблем.

Но Фриден упатува на друг фактор во намалувањето на животниот век:

„Согледуваме зголемена смртност поради преголеми дози на наркотици.“

Податоците на ЦДЦ покажуваат дека смртноста од опиумски средства препишани на рецепта за период помал од 20 години се зголемил за четири пати. Во САД од 1999-та година наваму починале повеќе од 183.000 лица.

Зависноста од опиумски средства добиени на рецепта, ги натера луѓето да се свртат кон поевтини наркотици како хероинот и синтетичката дрога фентанил.

Светската здравствана организација вели дека зависноста од лекови препишани на рецепта се зголемува на глобално ниво. Иако очекуваниот животен век во поголем број земји пораснал, прекумерната тежина се зголемила двапати од почетокот на 1980 година, ставајќи многу луѓе под ризик на срцев и мозочен удар.

XS
SM
MD
LG